ДУПЕР

Премини на приказната

Они се млади, ентузијастични и енергични. Они се Илчо, Мартина и Борис. Они се супер. Они се ДУПЕР. 

„..Скопје е град за младинска, културна преродба. Скопје е прекрасен град со прекрасни луѓе. Скопје е едноставно центар на културните збиднувања, тој е град на младите луѓе. Најчесто не потсетува на дом, Македонија,Карпош 1 и 3, Дебар Маало, МКЦ, Црно, Парк, Скопско, бетон а најважно на ЉУБОВ и ДУПЕР. Овој град поседува слобода, различности но и несовршености. Да, Скопје е град со голем багаж. Скопје нема да е Скопје без работите што не ни се допаѓаат. Нешто што навистина му фали е чист воздух, сообраќајна култура, поголема почит кон велосипедистите и нивните патеки, поголем оптимизам, повеќе музика и трафики кои работат 24 часа. Уствари го сакаме Скопје таков каков што е! Лесно се пронаоѓаме и снаоѓаме во него. Млади луѓе кои се манифестираат преку музиката, дружбите и свирењето. Треба да се зајакне проактивноста на младите и нивната креативност. Многу повеќе да се натпреваруваат но и да се поддржуваат во секоја сфера. Кога веќе зборуваме за Скопје не може да се пропушти фактот дека тој е измислен за младите. Град со многу избор во однос на луѓе, места, настани…Културниот и ноќниот живот тука е единствен. Секогаш има каде да се оди, никогаш не е досадно. Едноставно убавите луѓе и убавите места си го прават своето. НИЕ како ДУПЕР дефинитивно до сега имаме простор за да се изразиме во градов, за понатаму ќе видиме. Секако ДУПЕР го гледаме во градов како нешто ново и интересно, како успешен бенд…“