Ацо

Премини на приказната

„…Јас сум тука (администрацијата) веќе 25-6 години, така да од оние млади години па се до сега сум присутен во оваа институција. Сите овие години се темелат на едно искуство, на сите тие дружења кои постојат, тоа работење. Секогаш на крајот на денот ова кај мене буди позитивни чувства. Како роден скопјанец можам да кажам дека Скопје е апсолутно град во кој убаво се живее. Иако сум поминал многу по светот, Скопје останувал за мене град на сè позитивно и секогаш сум сакал да се вратам во него.  Многу работи го прават овој град интересен посебно тоа што е мулти конфесионален.  Скопје нуди. Секој посетител кога ќе дојде може да си помине убаво. Јас дружејќи се со сите тие конфесии кои постојат имам научено, на пример и албански и ромски јазик, и сето тоа на некој начин претставува богатство. Ми се чини дека никој во светов не го има тоа што го има овој град. Секогаш треба да се стремиме кон подобрување на средината во која живееме. Од ’91, ’92 година до сега имам учествувано во над 2000 проекти кои се однесувале на градот. Едноставно ми е сатисфакција да работам за Скопје и целосно сум мотивиран за него. Ова е еден простор за кој мора да размислуваме да го направиме секогаш  подобар. Можеби овие релевантни институции, во иднина ќе треба повеќе да се ангажираат. Во поглед на тоа условите за живот да се подобрат, не само за младите туку и за постарите генерации. И така Скопје да е убаво за сите нас…“