Мотивирана

Премини на приказната

Ваши очекувања од УНИЦЕФ конференцијата #СемејствоЗаСекоеДете –
„…Моите очекувања се дека ќе можам и во институцијата каде што работам (Детски дом „11ти Октомври) да пренесам тоа што се зборувало на оваа конференција, да имаме малку повеќе надеж дека ќе биде подобро во иднина. Сакам да видам резултат во врска со поддршката на семејствата кои ја пружаат, да не се остави детето во дом. На секое дете му треба семејство, како што и се зборуваше на оваа конференција, и колку е круцијален тој контакт помеѓу детето и родителот. На пример децата од Битола, за кои ми раскажуваат докторите, бидејќи го немаат доволно тој контакт, многу од нив имаат пречки односно мали заостанувања во развојот, а се тоа како последица на тоа што го споменав. Посвојувањето е актуелна тема. Постојат многу родители кои сакаат да посвојат дете, има и доста самохрани мајки/татковци кои истото го посакуваат, луѓе кои не се во брак и сл., но некако овде тоа не се остварува често. Целосно сум мотивирана и јас директно да влијаам врз решавањето на овој проблем, затоа што го имам потребното образование но не ми е доволно искористено од страна на системот. Секогаш предлагам дека ќе биде потребна таа психолошка-педагошка поддршка. Да им се понудат на граѓаните овие услуги, а тие да ги искористат. Нешто што прво ми текнува како поголем проблем во врска со темава, е проверката на семејствата во кои се враќаат децата. Мора убаво да се види кога детето се враќа во семејството и дали тоа семејство е во можност да го оствари потребното и покрај фактот дека тие биолошки родители се најдобрата платформа на која едно дете израснува…“

Што мислите за Скопје?
„…Мислам дека е многу добро што живеам во Скопје, го сакам. Ми се допаѓа тоа што институцијата е во Центарот на градот, на пример со мојата работа е многу полесно да ја остварам таа културно-практична наставна и тие активности со децата, односно да ги однесам во музеи, на театарски претстави, да видат некои знаменитости и сл. Супер се чувтсвувам тука и ништо не би променила, се ми се допаѓа. Ќе издвојам само дека можеби на некои згради им е потрбна нова надворешна фасада…“