Искрена

Премини на приказната

„…Кога ќе ми споменеш Скопје, прво ме потсеќа на дом. Мене ми е Скопје искрено дом. Во него се чувствувам најсреќна, не би го заменила за ништо и никогаш не би си отишла од тука. Од една страна овој град ме исполнува а од друга сите пријатели, фамилијата, спомените од детството сé ми е тука. Искрено животот во Скопје е забавен додека си млад. Се е во движење и градот доста нуди, во брзина е. Она што мене ми недостасува е воздух во моментов, особено затоа што сум родител. Освен тоа, во Скопје би направила повеќе локали за фамилии – места каде што ќе можеме да отидеме со децата, да уживаме и да се дружиме во самиот простор. Секако нема да изоставам, повеќе паркови и  зеленила, тоа сега што го имаме е навистина недоволно. Има многу работа и труд за вложување за да го направиме ова Скопје она што може и треба да биде…“