Прогресивен

Премини на приказната

„…Организацијата на конференцијата е перфектна и мислам дека се ќе помине во најдобар ред. Се спремаше околу два месеци и на крајот дефинитивно ќе се исплати. Промените, во врска со зборуваните проблеми, сепак не може да се видат од денес за утре. Меѓутоа процесот на деинституционализација веќе подолго време трае и ќе продолжи. Тоа ќе биде период од повеќе години затоа што не може се наеднаш а резултатите ќе ги видиме во иднина. Сето ова може да се види и од статистиките понудени од другите држави. Јас и моите колеги од МТСП целосно се трудиме да дадеме значаен придонес за да се подобри ситуацијата и со децата и со самите институции…“ 

Вие во Скопје- 

„…Искрено малку време имам да посветам на приватниот живот затоа што доста сме окупирани на работа и се задржуваме многу за да ги завршиме обврските. Океј се чуствувам во Скопје, со оглед на сообраќајниот метеж кој го доживуваме секојдневно. Во однос на тоа, доколку имам услови за hand cycling, за да можам со велосипед да одам на работа, би било супер. Треба исто така да се променат размислувањата и кај останатите граѓани-жители на Скопје, да се користи повеќе алтернативниот превоз како автобуси односно јавниот превоз, велосипедите како што споменав и луѓето да се организираат во групи (како што ние тоа го правиме со колегите кога одиме на работа) за да постигнеме намалување на автомобилите…“