Скопјанка

Премини на приказната

„…Супер искуство е да си биде на настан на УНИЦЕФ затоа што може да се чујат работи кои што и формално и официјално преку медиумите не можете да ги дознаете. Денеска особено за мене беа шокантни информациите дека само 40% од децата посетуваат претшколско образование. Така што мислам дека и овој втор ден од конференцијата ќе биде многу продуктивен. Инаку според исказите што ги слушнав од говорниците денеска очигледно како најзначаен период од развојот на децата е токму до 6те години. Се надевам дека ќе се формираат образовни модели за што поголема вклученост на децата во претшколското образование, особено според оној предлог, даден од УНИЦЕФ за вклучување на тие 3часовно форма на образование во градинките, кој што ќе ги охрабри родителите да ги пуштат децата во таков процес на образование. Кога зборуваме за моето образование, мојата учителка Бојка Јовановска е ‘one in a million person’, учител кој што извади неверојатни генерации и ученици. Секој од нас, кои сме сега возрасни луѓе, со гордост ја споменува и јас и Симон Трпчевски со гордост ја споменуваме. Јас има и фантастични гимназиски денови и токму поради тоа ништо не би сменила ако можам да се вратам за момент во тие денови. Стекнав другари кои ми се за цел живот и можеби сум од ретките што сеуште излегува во град со другарите од средно…“

-Животот во Скопје 
„…Малку го паузирам животот во Скопје. Хаха се зезам. Мојата фрекфенција низ град е фокусирана на  неколку места кои се мои „гнезда“ или точки на движење. Таму ги сретнувам моите луѓе и мислам дека градот всушност тоа го прави. Ако успееш да си најдеш средина во која што прифаќаш ќе бидеш задоволен и од местото каде што живееш. Така што ако ги споменувам тие места на движење, тоа се кафулето Синдикат, Љубов, МКЦ, сакам да одам на синедејс, сакам да одам на мот и мислам дека Скопје има потенцијал да се развива ама секој од нас треба малку повеќе да се вложи во тој процес. Скопје нуди, но не доволно. Мислам дека за да се задоволат барањата на граѓаните треба повеќе. Најпрво содржината треба малку подлабоко да се дизајнира за нив а и пристапот на кој што се информираат за такви настани. Ако се опишувам во Скопје: Јас сум Ана Зафирова, скопјанка, 38 години, мајка на дете, многу го сакам овој град. Ќе повторам сите ние заедно треба да работиме за да стане поубаво место за живеење. Скопје не е Скопје2014 туку Скопје е многу повеќе со многу повеќе содржини…“