Сонувач

Премини на приказната

„…Дефинитивно образованието во Македонија треба да се ажурира и update-ува, треба да се воведат новини кои во светот се одамна воведени. Исто така, треба да се работи на поголема инклузија, не само во смисол на етничка и општествена припадност, туку во секоја можна смисла, луѓе со посебни потреби, маргинализирани и така натаму, односно оние кои се некако ставени по страната во нашиот образовен процес. Според мене, највеќе што смета во нашето образование се материите кои се нестручно обработени, не се актуелни, не се меродавни, со низа пропусти и поради тоа владее потполн хаос. Се надевам дека со новите иницијативи на оваа Влада сето тоа ќе се доведе во ред и ќе се постигне некој вид на поквалитетно образование, кое што секако мора да се движи преку патот на иновации и критичко размислување. Мој личен придонес како Нина би бил да се трудам ќерка ми да ја образовам најшироко што може да постои на светот, не само со информации од училиштето туку и надвор од него. А како Фондот за Иновации и Технолошки Развој, се надевам дека ќе остави белег во македонското општество затоа што е една од многуте ретки институции која стварно дава внимание на иновацијата, а посебно иновацијата во образованието. Нешто што би го препорачала на оние кои директно влијаат во носењето на политиките за образованието, е да ги слушаат самите ученици и да се потпираат на сознанијата на невладините организации, бидејќи тие најдиректно работат со сите засегнати групи. Мене кога ќе ми споменат училиште прво ми текнува на црна табла, сунѓер и школска креди…“

„…Скопје за жал е станат одвратен град, го дишеме еден од најзагадениот воздух во светот, инфраструктурата е пропадната под вода и не само преносно туку и буквално. Дефинитивно на градов му требаат нови содржини, како за младите така и за постарите. Под нови содржини највеќе мислам на културни, интерактивни центри, неформални дружења и настани, јавни дебати и трибини, повеќе галерија, изложби и да се осмислат простори каде секој ќе може да каже што мисли без да биде осуден и итн. Чаршија ми омилено место во Скопје и јас бев едно време тинејџер во градов а зошто? Прво затоа што е еден линк со минатото, директна конекција со тоа што го дефинирало Скопје низ вековите. Второ затоа што младиот ритам на град баш во чаршија пулсира и тоа многу ми се свиѓа, дека си доаѓа на место кое е одамна одредено…“