Би сакала Ерзана да ми е тетка!

Премини на приказната

„…Скопје си има некој посебен шарм без разлика колку и да пробуваат луѓето да го урнат истиот, со тоа што не се грижат за овој град, не успеваат. Не го сакам Скопје затоа што нема доволно патеки за велосипед а истовремено има и многу гневни возачи. Сакам сите покриви да се покриени со зелени површини, да има многу многу повеќе паркови. Скопјани треба да сфатат дека не е се во висококатниците, ова е град на сите нас и треба да го одржуваме. Малку посериозно да се осврнеме на проблемот со загадувањето, да тргнеме од себе си, ако тоа значи да се возиме со автобуси и точак да ги бараме тие патеки и услови. Имаме неколку културни центри што функционираат, но мислам дека ни се малку. Треба да се отворат нови и да ги привлечат граѓаните, затоа што моменталните не ги користиме воопшто. Самите јавни површини не се доволно користени од самата јавност. Треба граѓаните да се запознаат со нив и да ги видат можностите од истите…”