Contemporary & Sustainable

Премини на приказната

„…Скопје за мене е многу весели и дружељубиви луѓе, така интересно место каде што цело време е ЗАБАВА ЗАБАВА. Сите сакаат само забава и да не работат, едноставно да се забавуваат и да го живеат животот. Скопје како град нуди доста ствари. Реално можеби е мал изборот, но и покрај тоа има доста места каде што секој може да се пронајде себеси. Ете можеби тие не се супер популарни и не ги знаат сите ама ипак одредени луѓе си ги познаваат.. Да, би си отишла од Скопје. Тие работи што јас би сакала да ги имам во животот некако не ми се присутни на овие простори. Не дека не можам тука да изградам добар живот туку не се гледам себеси како живеам во град кој станува busy. Град-држава а такво станува Скопје. Со многу сообраќај, многу изградени згради, доселени луѓе, што не е лошо ама едноставно некако се менува целиот облик, целата динамика што ја има Скопје а мене тоа не ми се свиѓа. Кога ќе си го спомнам Скопје ми текнува на сегде одење пешки бидејќи се е  блиску, гледање со многу луѓе преку ден и за жал ме потсетува на нешто нечисто, загадено и на кое му треба многу работа… Поради тоа што сакам така постмодернистичка архитектура и сл. ќе кажам дека ГТЦ и делот околу него е топ за да си додека е празно е најубавото нешто на цел свет. Да си висиш и поминеш најубаво.  Некако кога сум таму се осеќам како да сум во иднината и сé да е изумрено околу мене. А пошо сум човек што обожава природа секако нема да го изоставам и Парк. Многу работи би сменила у градов. Најпрво инфраструктурата, поконкретно мора да ни се средат улициве. Живееме во град а патиките и кондурите ни се во кал цели… Исто така треба да се обрати внимание да Скопје стане почист град и воздухот да ни е посвеж. Сите ние можеме да правиме многу мали нешта што ќе направат многу голема разлика. На пример да размислуваме за рециклирање, помалце да ги возиме колите, да се користи повеќе public transport. Само така можеби ќе смениме нешто. Да, Скопје има многу луѓе со свои феноменални идеи и да тие вредат да се слушнат…“