Dreadpen

Премини на приказната

„…Во ова Скопје се опишувам како смешен, иновативен и малку смотан. Јас поради многу работи го сакам истото но и поради многу не го сакам. Го сакам во пролет, Партизанска во пролет ми  е омилена. Исто така Скопје има многу места каде што можам да си чкртам и да си уживам заедно со Biggie Smalls (Биги Малото  е моето куче) , како на пример сега моментално во Градски Парк. Не го сакам ради гужвите во одредени ќошиња, тие ги избегнувам секогаш. Ако можам да изберам што би видел во Скопје тоа е турата на Snoop Dogg, Dr Dre, XZibit и остали… Имам многу идеи за овој град, една од сите нив е да стане пошарено, да го видиме Скопје колоритно…“