Еден обичен хипстер

Премини на приказната

“…Го сакам Скопје, мал град е со големо срце. Сите луѓе си се знаеме меѓу себе, секој знае се за секого, знаеме кој, што и како прави. Каде и да отидеш имаш можност да си најдеш друштво, ако не за подолго тогаш барем за еднодневна “заебанција”. Има и причини поради кои не го сакам Скопје. Сиромашен е животот во било која општина и да живееш. Па и не само тука, туку на целиот Балкан. Би сакал повеќе да се внесат младите организација на разни настани. Нешто што го нема во Скопје, а го замислувам како неопходно е легализирана употреба на ѕидовите за улична уметност…”