Емоција

Премини на приказната

Очекувани резултати од конференција – 
„…Би сакала да видам дека овие проблеми се решени или барем чекориме кон тоа, бидејќи соочено е целото општество и секој од нас, како индивидуалец. Да одат паралелно тие процеси на системот, институциите, невладините организации но пред се и секој од нас, кој треба да ги отвори емоционалните капацитети и да размислува колку е неопходна личната интеракција во тој најранлив период од животот. Сметам дека конечно во 2017год. ќе го решиме проблемот со институционалната грижа, односно би се воделе во правец на деинституционализација, што значи овозможување згрижувачки семејства, кои ќе им ја овозможат неопходната љубов и грижа на малите дечиња. Сум размислувала многупати за мој личен придонес на оваа тема. Од неодамна сум мајка и токму сега отварам еден дел од својата интимна кутија и велам дека кога човек има можности би било добро да помогне на некое детенце. Можеби понатаму, од кога ќе пркне моето мало бебенце, ќе размислувам и за потенцијално згрижување на некое дете, но не би сакал да ветувам нешто затоа што сеуште немам психолошка подготовка. Ваквите конференции како денеска не го оставаат имун човек и размислува што може конкретно да направи за едно невино и мало суштество. Навистина да ги развиваме максимално емоционалните капацитети на секое дете, енормно е важна таа лична интеракција…“ 

Животот во Скопје може да е многу убав ако конечно поставиме некакви приоритети. На пример ако го решиме проблемот со загадувањето, ако ја зголемиме велосипедската инфраструктура и градот стане навистина еден ЕКО-град. Ако се избориме со кичот, но пред се и со предрасудите кои скопјани ги носат. Сметам дека Скопје може да биде многу убаво место за живеење. Јас во Скопје се чуствувам секаде слободно, затоа што сметам дека така треба да се чуствувам и на тој начин сум мотивирана да ги буткам границите и да стојам на браникот на слободата, да се борам за остварување на човековите права без разлика од кој спектар тие доаѓаат.  

Кога ќе ви споменат Скопје на што прво ви текнува? 
-„… На моето маало, на моето детство и можеби на чаршијата како еден симбол на градот на мултиетничкото општеството, на сите различности сублимирани во еден убав простор…“