Енергичен, непредвидлив, сурфер кој ја сака фотографијата

Премини на приказната

„…Пред скоро време се вратив од сурфање и се осеќав страшно депресивен, се будев со негативни  мисли. По некое време сфатив дека мора сам да си напраам да ми е убаво у Скопје, пошо е такво место, створено за уживање… Секако ако знаеш да го искористиш… Сега реално ми е многу убаво. Последниве три месеци најдов некоја со која што можам уште повеќе да уживам во сето ова и да ми праи да ми е уште поубаво. Од моја перспектива, како млад фотограф, free lancer, е многу тешко да се живее тука пошо луѓето не се доволно запознаени со уметноста што може да ја извадиме од Скопје. Позитивно сум изненаден што последниов период има многу изложби, промоции, културни настани општо, rooftop  забави…. Ми се сфиѓа што почна да се случува промената и да ни се дига свеста колку толку. Сметам дека во секој град има проблеми, општо, исто како и во Скопје. Би ги истакнал особено оние инфраструктурните кои стварно треба да се поправат. Нешто што ми пречи во градов е и онаа егоистична популација, претежно постарите генерации кои сметаат дека знаат сѐ. Музејот на современа уметност – едно од најпрекрасните места во градов а и мое омилено, на зајдисонце секако…“