Фер потенцијален инженер

Премини на приказната

„… Сакам да ги видам луѓето среќни, да бидеме спокојни, секој со секого да биде другар и да уживаме во овој град. Сите ние си го сакаме Скопје затоа што тука сме родени, тука ни поминал животот и сите важни работи тука ни се случуваат. Во последно време е многу напнато од политички аспект и има многу гужви поради пренаселеноста, се ова секојдневно влијае на нашето расположение. Дефинитивно треба со полна пареа да дејствуваме на прекумерната загаденост. Нови велосипедски патеки и нова организација на јавниот превоз која ќе ни овозможи истовремено патување до одредени дестинации како и автомобилите, се работи кои мора да ги размислува овој град во блиска иднина…“