Горазд

Премини на приказната

„…Последен ден во Скопје: би го искористил со една добра прошетка у Дебар Маало, едно кафе со најблиските и дефинитивно Силбо ѓеврек (може и дебар маалски). Скопје е единственото место каде што се чувствувам како дома. Без разлика на големините и убавините на Лондон, Амстердам и Берлин, во секое време Скопје би го ставил пред нив. Односот помеѓу луѓето е различен, без разлика на тоа што некогаш знае да стане и неубав, тоа е она што го прави Скопје посебно. Сите работи кои сакам да се променат се практични проблеми. Практични во смисла на дрва и патеки за точаци, тие во секое време може да се направат, само е потребна свеста. Не би рекол дека нешто му фали на Скопје, бидејќи оние градови кои имаат сé, се променуваат, блискоста помеѓу луѓето ја снемува и сé се сведува на бизнис.  Прво нешто што ми паѓа на ум, кога ќе споменат Скопје, дефинитивно се тесните улици во Дебар Маало, уствари тоа и можеби ми е најомиленото место у градов. Обожавам да одам по сите тие улички и да пијам пијачки во убавите кафичи…“