I`m Batman

Премини на приказната

„…Скопје го сакам ради убавите жени и топлиот и опуштен дух на народот! Објективно гледано, градов има огромен потенцијал за напредок, има многу можности но некако никој не ги искористува… Има огромна подлога за раснење на бизниси меѓутоа постојано се бараат скратени патчиња. Младиве го избираат најлесниот пат со одење од државава, мислам жално е што пола другари ми се во странство. Тешко е да гледаш како луѓе постојано си заминуваат а уште потешко да знаеш дека таквото отселување на најгенијалните умови ќе предизвика огромна стагнација и на градот но и на државата. Скопје не го сакам највеќе поради аерозагаденоста, отпадот, дискриминацијата и стигматизацијата. Ме нервираат и некои политики и решенија што се воведени затоа што може да се многу подобри, некогаш навистина не се размислува темелно. Нешто што многу сакам да видам е TEDx конференција во Скопје, да се соберат креативни луѓе и за прв пат во Македонија да не се зборува за проблемите туку за феноменални идеи и генијални концепти со кои нешто ќе се промени. Уморен сум од тоа да како народ но и град сме постојано следбеници наместо предводници. Исто така сакам да видам системско решение за аерозагадувањето, ама не со воведување на популистички мерки туку со вистински мерки насочени кон реалните предизвици за Македонија. Банално ми е да живеам во град во којшто со релативно мал поттик и промена може да се реши толку голем проблем. Надвор од горливите проблеми, Скопје нема онакви experience things, ми фали тоа. Некои bungee jumping, рипање на трамбулини, замок на стравот и сл., баш онакви работи што пружаат различно и невообичаено искуство…“