Iron man

Премини на приказната

„…Дефинитивно го сакам Скопје и ми е најубаво место на цел свет, од тука ми се најубавите спомени. Од играње фудбал бос на улица по цели денови, криење кај комшиите по подруми па до прво излагање во диско, прва изложба, прв натпревар. Тоа што мислам дека би било добро да го имаме е технолошки парк, европски закон за стартап компании и поддршка за млади компании особено оние кои произведуваат технологија. Има млади деца со феноменални идеи ама немаат основна поддршка. На пример простор каде да работат, некаква правна или сметководствена помош. И секако, да се превземат конкретни мерки за загадувањето и воедно да се направат големи напори да се сменат политиките и навиките за управување со отпад и да почнеме да рециклираме. Има премногу работи што фалат, ама не треба сите да очекуваат државата се да направи за нив. Треба и луѓето да бидат активни и константно да го даваат својот придонес во општеството, а државата да престане да се обидува да го контролира секој аспект од животот на граѓаните. Луѓето и бизнисите сами ќе ги надополнат работите што фалат ама има премногу бирократија и административни лавиринти за обичен човек да може да смени нешто…