KONEKT

Премини на приказната

Калина: Орце Николов, сладолед во Парк, кафе во Излет, бојкот во 1ва, фестивал во 4та… Тоа е Скопје за мене. Фестивали од типов или случувања од типов, како што е КОНЕКТ, мислам дека се нешто многу позитивно. Нешто што ќе ги спои гимназиите, ќе спои интереси, ќе направи микс од различни видувања и искуства а најважното ќе направи микс од луѓе од различни школи.  
Антонија: Скопје е мојот дом, мојата фамилија. Место на кое што секогаш ќе се враќам. Скопје ме потсеќа на пирошките во луна парк, сладоледот во палма, љубов, клавир, километрите поминати со точак, деновите во Карев, спорт, одбојка на градска плажа, театар, балет, концерти, журки, фестивали и ….. Фестивал кој што успеа да ги обедини 5те гимназии на град Скопје и да створи една платформа на која што преку различни настани ќе се запознаваат и дружат средношколците. 
Игор: Скопје е град со преголема слобода во која што некои луѓе се губат а на некои им доаѓа тоа освежително.  
Преку концептот што го има КОНЕКТ – одржување на настаните внатре во самите училишта – ние не ги принудуваме средношколците да одат на страна, по други организации и случувања, туку им го носиме надворешниот свет внатре, во нивната првобитна околина, во комфорната зона. 
Тамара: Скопје е мнооогу ствари, кафенце во Дебар Маалски кафич, цел сончев ден пројден во парк, улицата Максим Горки во пролет, Силбо после добро журче… КОНЕКТ една досега невидена идеја во Скопје и Македонија. Да, различни настани се дешаваат секојдневно ама фестивал што поттикнува и дружење, и критичко размислување, и запознавање нови луѓе и забава во рок од една недела е дефинитивно еден – КОНЕКТ. 
READ THE WHOLE STORY ON: https://www.facebook.com/konektfestival/