Креативна, емотивна блогеркa

Премини на приказната

„…Понекогаш ми е предобро додека се движам низ Скопје, посебно низ Дебар Маало бидејќи тука живеам и стварно ми е многу убаво, но има моменти кога се осеќам дека општеството не иде баш во добар правец и тогаш се прашувам дали уствари го сакам Скопје. Луѓето треба да имаат поголемо самосвест, повеќе да креваат иницијативи, да се подржува уметноста, да се посетуваат културни настани, да не подржуваат нас што работиме такви работи и сл. Мислам дека моментално не постои доволна поддршка за овие „професии/хобиjа“, повеќе се поштува комерцијално, дури и сељачко… Имав еден период во кој сакав да се преселам од Скопје и седнав со моите да разговарам. Баш зборевме на таа тема – дали градот нуди доволно – и татко ми ме праша дали стварно Јас мислам дека на друго место ќе ги имам можностите кои ги имам тука, сега. Во друга и нова средина секогаш е потешко. Уствари тогаш сфатив дека во Скопје не е толку лошо туку ние самите си го правиме да ни е. Затоа зборам дека само свеста ни треба за да се опраиме. Иако моментално се наоѓаме во една криза, да не речам политичка, мислам дека не се обрнува толку внимание на оние работи кои дефинитивно треба подлабоко да ги размислиме. Едноставно туку има доста голема негативна енергија помеѓу луѓето. Еј една работа што мора да се случува е поголема и поактивна поддршка за сите културни настани. Нешто што дефинитивно сакам да го видам во Скопје, се поубави градби. Мене искрено тоа многу ми фали. Некако кога ги гледам другите блогери низ светот и сликите што ги прават, заедно со архитектурата, комплетно се феноменални. Можеби тоа е една причина зашто би се отселила од тука искрено. Сакам да гледам убави работи, убави градби па дури и внатрешниот дизајн треба да претрпи длабоки промени. Голем труд е потребен за сé ова, но навистина треба архитектурата да биде првиот чекор за малце културно да пркнеме. Кога би издвоила омилено место во Скопје, хмм?! Со сигурност Дебар Маало… Се во Дебар Маало ме воодушевува. Омилено место ми е, преубаво ми е, скоро целото мое време настојувам таму да го поминам и во тие кафичи…“