Љубител на предизвици

Премини на приказната

„…Во Скопје се чувствувам како дома. Тука сум роден, тука живеам и планирам да живеам уште многу години. Имам многу поминато во градов и секој негов дел, секое негово ќоше ме потсеќа на нешто. Kога мислам на зборот дома, Скопје е она што ми доаѓа прво на памет. За еден град да ти го понуди најдоброто треба и секој од нас на него да му го понуди најдоброто. Ова е мојата идеја за како би требало да функсионира еден град. Јас и моето друштво секогаш сме биле активни и реално сме правеле нешто за градот и врз основа на тоа градот ни вратил два пати повеќе. Сме играле, сме искачале, сме знаеле да ги користиме убавините на Скопје, сме шетале туристи, сме ги запознаеле со Скопје и тоа само не поврзило повеќе со градот. Еден од главните мотиви зошто сум денес уште тука и не ни замислувам да идам некаде е фактот што секогаш сум сакал да дадам нешто свое и да придонесам во околината во која живеам. Најлесно е да ги гледаш работите однадвор и да покажеш со прст, а многу тешко е кога си дел од градот и сакаш да ги смениш работите одвнатре. Ова е само еден од предизвиците, а мојата филозофија е дека што повеќе предизвици имаме во животот толку по интересен ќе ни е животот. Ова што моментално се трудиме да го направиме за Скопје мислам дека е само почеток. Секогаш ќе има што да се прави и понуди на градот и јас лично верувам дека работите кои сега ги правиме ќе бидат нешто што ќе знаеме да ги чуваме и негуваме. Промените во секоја околина се здрава појава и сигурен сум дека сите нешта имаат простор за промена, но притоа чувајќи ја суштината. Во тој контекст, милсам дека Скопје има простор за промени и не само Скопје туку секој град во светот. Промените сме ги гледале од генерација во генерација и кога ќе застанеш и гледаш позади ќе видиме дека многу работи се смениле и константно се менува. Затоа знам дека промени ќе има, но истовремено знам и дека Скопје ќе го зачува она суштинското засекогаш во себе. Најважното нешто што треба сите да го знаеме е фактот дека градот треба да го сакаме и негуваме. Скопје ни е едно, а биоами и најубаво нешто што го имаме. Ајде да го пофалиме и прикажеме во најубавото светло пред другите и ајде да му понудиме сите нешто на градот за на крај на денот да ни каже фала и да ни возврати со неговите убавини…“