Љубопитна

Премини на приказната

“…Многу ми се свиѓа што lately Скопје е поурбанизиран и малце заживнува на некој начин. Сé за сеа ми е многу океј и сите искачања. На пример Дебар Маало ми е мноогу убаво, ми стои при срце бидејќи кога и да отидеш таму кафичите се полни со расположен народ работи кои го прават Скопје да живее. Од друга страна пак тука се чувствувам ограничено не гледам можности за мојата иднина но сепак верувам дека е град во развој. Би се согласила дека има многу гужва и во однос на тоа треба да бидеме повеќе склони кон велосипеди – не загадуваат а истовремено полесно стигаме на саканите места. Прво нешто што ми паѓа на памет кога ќе се спомне Скопје е Средно Водно имам многу убави спомени таму, многу дружби и забавни вечери поради што и ми е омилено место во цел град. Најчесто во градов седам на кафе со најдругарите, Дебар Маало поточно, но многу сакам да барам и отворени кровчиња или места со убав поглед да се гледа нашето, најубаво Скопје…”