Млад, згоден и неопходен

Премини на приказната

„…Првата средба со  првата симпатија, седењето на клупа покрај кеј, одење на свирка на школка во парк, искачање по дискотеки, се ова за прв пат ни се случило во Скопје. Тој е наш роден град, сите пријатели и важни личности од животот ни се тука. Искрено Скопје повеќе го сакам од што не го сакам. Едно нешто што не ми се свиѓа е преголемата населеност затоа што нема капацитет и инфраструктура за толкава популација. Нешто што сакам да видам во овој град е поголемо активирање на младите во областа на спортот, играње баскет, брканици, жмурки, граници- она што ние сме го правеле и ни причинувало радости. Ова денес го нема поради интернетот, социјалните мрежи и игриците, поради новите таканаречени сајбер генерации.. Една сугестија за Скопје е да се направат повеќе паркови како Градскиот и улични теретани на повеќе локации во градот, за да се  интригираат младите да ги остават своите телефони и компјутери и да направат нешто подобро за себе…“