Мотивирана

Премини на приказната

-Очекувања од конференцијата 
„…Мислам дека до сега, во последниве 10 години, не сум била на поинспиративна конференција, тука кај нас што се случува. Пред се се сретнав со многу колеги со кој одамна не сум се сретнала. Наоколу постои некоја прекрасна и креативна енергија. Посебно говорниците  беа многу инспиративни и ни дадоа многу теми на  размислување а тоа се виде во самата дискусија. Мислам дека дефинитивно треба да има некоја добра  реформа, а посебно во средното образование бидејќи јас доаѓам од таа страна. Треба да се намали фондот на часови, обемноста на содржините и повеќе да се потенцира на развојот на животните вештини. Во процесот на донесување на политиките во образованието, препорачувам дека треба да се слуша гласот на практичарите и наставниците. Мислам еве гледате денеска, колку има наставници. Тие едноставно сакаат  да имаат квалитетно образование а не само натрупано. Навистина доаѓањето тука ми внесе само позитивна енергија за промена и за повеќе работа понатаму…“ 

-Животот во Скопје 
„…Животот во Скопје некако станува се поинтересен. Помеѓу младите луѓе треба да има повеќе енергија за останување тука, не  само да се зборува дека надвор е поубаво. Се менуваат трендовите и би сакала младите да ја гледааат својата иднина овде и да им е се поинтересно. Секако ќе се согласам дека Скопје влијаел врз моето образование. Универзитет ми е тука, моето живеалиште, местото каде што работам. Мислам дека сиве овие години работејќи во истото училиште , говори за тоа колку сум јас среќна тука. За омилено место во Скопје ќе го издвојам Градскиот Парк. Сакам почесто да сум во него, иако немам толку време ама прекрасно е, особено сега есента кога има прекрасни бои во изобилие…“