Независен креативец

Премини на приказната

„…Да би имал еден последен ден во Скопје дефинитивно би отишол во МКЦ бидејќи таму сум го глеал мојот прв концерт, Музеј на Современа Уметносткафе бар Браво и некоја рута со точак ќе извозам околу Скопје и може у пробувална да отсвирам нешто, чисто пред да заминам. Во Скопје се чувствувам фантастично… Можеби зошто секој ден возам 14 километри со точак од дома до местото каде што работам. После тоа во текот на денот неам воопшто никакви негативни мисли, кои што не е возможно да ги нема секој човек што живее тука. Мене лично Скопје не ми понудил доволно. Според мене, да речеме , Скопје нема доволно простори каде што можат бендови да прават проби. Нема други места освен МКЦ кадешто може да се прават концерти и мислам дека со самото тоа на младите им се убива желбата да бидат креативни. Ова го чувствувам директно затоа што доаѓам од таа сфера. Но не зборам само за музика, зборам за било каква форма на уметност. Така да не викам дека е најлошо ама секогаш може подобро нели?! Мислам дека Скопје е град во којшто прелошо се гради. Се гради на начин на кој што е сè натрупано во  Центар и не се шири како секој природен град. Башка има преголема и превисока инфраструктура за место коешто е котлина, што следува дека нема доволно провев. Едноставно нашиот град не може да дише. Јас лично можеби би се потрудил да го направам Скопје да личи повеќе на предобро организираната Љубљана…“