Обична типка

Премини на приказната

„…Скопје ми се свиѓа поради енергијата која кружи низ него. Секогаш кога патувам, омилениот дел од патувањето ми е враќањето накај Скопје. Се осеќа некој смрад пред влез во овој град кој едноставно носи некоја благосостојба. Среќна сум под ова небо и кога газам на овие улици. Во скопје има убав живот, но ако сам си го напраиш. Има и многу работи што не ми се допаѓаат, ќе го издвојам образованието како круцијално. Тоа е водечката сила у една држава а Македонија некако штеди на младите место највеќе да вложува во нив. Една од моите сугестии за овој град е дефинитивно да се подобри инфраструктурата. Морам да признаам дека кога одам во Центар се осеќам како во „купатило“ да влагам. Сакам овој град да поседува поголема позитива да има среќа насекаде, некако луѓево се полни со гнев од најразлични работи а тоа мора да се смени. Нешто што многу ми фали у Скопје се добри ивенти за добар ноќен живот и мирисот на слобода…“