Охридски скопјанец

Премини на приказната

„…Во Скопје се гледам од птичја перспектива… Скопје, пред да се доселам во него, ми беше онака „град“. Урбано место со многу динамика. Токму тоа ми недостасуваше во тој период. Живеам во Скопје веќе 10год. и сфаќам дека Скопје брзо го учиш. Сите места многу брзо се менуваат. На крајот, пак се сведува на тоа исто опкружување и на истите културни знаменитости. Во последно време ептен ми се допаѓа градов, затоа што се менуваат одредени работи. Најпрво еве како човек кој обожава да вози велосипед. Многу нови велосипедски патеки, многу луѓе кои реконструираат велосипеди, се враќа ретро стилот. Сите се натпреваруваат кој ќе има пофраерски точак или пофраерска корпа и тоа многу ми се свиѓа.  Така да повторно го заживувам од почеток градов, како ново Скопје. Периодов буквално го осеќам како период на промени. Цело време нешто се гради, нешто се менува. Искрено можеби малце тоа нервира но од друга страна самиот град добива нов лик. Вистина е дека нуди многу повеќе од останатите градови, за жал… Ама нуди. Ако сакаш да направиш нешто ја имаш таа можност. Е сега треба да се поработи на тоа сите места да се достапни за сите граѓани бидејќи моментално тоа  не е така. Кога се движам низ Скопје или кога поминувам со велосипед забележувам многу местенца затворени кои се дел од нешто. Во близина на студентски Кузман буквално има една коцка од барака која е совршена за нешто фраерско и урбано. Баш такви места кои може да станат нешто. На пример и сендвичара Снешка, многу кул… Ама таквите места не се користат а содржат нештo, некаков жар. Ако издвојувам места би кажал Излет, Љубов… кафичи кои се разликуваат од сите оние што секој ден се отвараат. Парк исто така – тотално опуштено место. Скопје дефинитивно ми понуди. Убаво ми е во Скопје дефинитивно и се надевам на уште поубави работи во него…“