Потенцијална гемиџијка

Премини на приказната

„…Скопје – дом , детство, искачање, убави спомени. Кога не сум во Скопје ме фаќа носталгија. Едноставно се чувствувам многу комфортно кога сум тука. Сметам дека човек ако се чувствува опуштено негде, во некој простор, тој може да дојде до својот најголем потенцијал. Јас така го чувствувам градов. Кога ќе излезам на некои места што ги познавам се чувствувам доволно опуштено за да бидам себеси. Некако не ми се свиѓаат различните карактери во Скопје но сум запознала многу луѓе што дефинитивно ми го смениле животот и токму со тоа го поврзувам и градот. Оние моменти кои што сум ги споделила со луѓето, блиските, пријателите…  Секој град си има свој потенцијал, Скопје конкретно нуди за луѓето што знаат да препознаат. Оние кои знаат што може да добијат и извлечат од овој град. Да ја имав силата за променување нешто, најпрво би го сменила начинот на воспитувањето на децата бидејќи од тоа почнува и понатаму продолжува сé. Нешто друго што би променила е дефинитивно јавниот превоз. Пошо иам одреден интерес за сообраќај, имам доста знаења поврзани со него. Возејќи се низ доста други градови сфаќаш колку уствари е битен јавниот превоз, неговиот излгед, неговата брзина и организираност. Всушност многу менува јавниот превоз, односно целата циркулација низ градов. Да може секој да си заврши одредена работа без никакви нервози користејќи единствено јавен превоз.  Башка луѓето би биле попродуктивни, среќни и насмеани без таа тензија што реално постои. Но ова само може да чекаме да го променат оние што се на власт бидејќи ние ништо не можеме да направиме. Секако ни фали и повеќе културен живот, концерти, бендови, настапувачи, малце да се издигне културно Скопје. Омилено место дефинитивно е Парк и мислам дека знаеме зошто…“