Шармантен убиец

Премини на приказната

„… Паркот дефинитивно го прави Скопјево да е најубаво и зеленилото кое што за штета го немаме, планината Водно и точакот. Во него се чувствувам прекрасно затоа што е мој роден град. Но за жал нема доволни велосипедски услови, народот нема ич култура. Можеби некаква идеја што сакам да ја споделам е дека би било добро да се стеснат булеварите и да се извадат велосипедски патеки. Мислам дека има на секое место простор за да се направи велосипедска патека, секако ако се сака. Дебар Маало или Водно – мои омилени места во градов. Тоа што ми фали во Скопје е воздух и паметни луѓе. Да, таква ни е државата и народот, тоа е причината зашто ни фалат овие работи. А тоа може да се смени ако почнеме да размислуваме европски и ги почитуваме европските закони. Нешто што треба да има се coffee shop-ови. Мора да признаам дека Скопје не нуди доволно ноќен живот ама дефинитивно ми понудил другари. Најинтересен ден во Скопје ми е да седам у парк со друштво, на пивце и сонце покрај езерце, во Сабота во еден. Коа ќе ми спомне некој Скопје прво ми текнува на смог. Или нене зашо вака, не, на убаво бе, на убаво ми текнува коа ќе ми кажат Скопјенце, мојот град. Ако ми остане последен ден во него прво ќе ги убијам сите, би ги срушил сите споменици и би засадил дрвца насекаде. Уствари за да го сменам, така ќе почне од нула и ќе се родат нови луѓе. И конкретно би си ја средил мојата населба. Животот во Скопје моментално е лош да бидеме реални, но еве се трудам јас некако да го сменам можеби. На крајот на денот ние сме неколку луѓе што го правиме ова а тоа не прави сами…“