Скромна

Премини на приказната

„…Одлично си поминувам на конференцијата. Прекрасни искуства, прекрасни млади луѓе, инспирација, доживување – се на едно место. Според мене приорет во образованието треба да биде квалитетот. Треба да се инвестира во младите и да се настојува да се извлече капацитетот на секоја единка поединечно. Е, сега, треба да се направи тој спој помеѓу ученикот и професорот/наставникот и понатаму во целокупниот формален развој на учениците да се оствари таа врска. Моја девиза за се што се случува во животот е дека куќата се гради од основата, од темелот. Мора прво да ја видиме фактичката состојба, мораме да правиме увид на сите случувања во опкружувањето, потесно, пошироко, регионот, Европа и се понатаму. Исто така да гледаме практики што се случуваат во светот, што дале позитивно искуство, па потоа да се искористат и имплементираат кај нас. Кога ќе ми споменат училиште, првата мисла која ми доаѓа е училница со деца. Јас откако памтам сум била интровертен ученик. Секогаш сум кревала два прста под маса и сум очекувала наставникот да знае дека јас знам и дека сакам да ме крене. Тоа е таа бариера, што и ден денеска ја има и некако ги потиснува квалитетот и креативноста, токму она за кое денеска зборуваме.  Мора малку да се направи еден поедноставен неформален пристап помеѓу ученикот и професорот за да се ослободи детето за да тоа го даде максимумот без страв и срам…“  

-Животот во Скопје 
„…Не сум баш најкомпетентна јас, да зборувам за животот во Скопје, повеќе во смисла бидејќи не излегувам многу и не се шетам многу. Генерално, гледам дека има забава ама дефинитивно недостасуваат вакви културни/едукативни манифестации како оваа денес. Можеби некои поформално организирани настани каде што ќе може да соберат на една место различни луѓе. Во последно време Скопје нуди но мислам дека треба тоа да биде подинамично, побогата да биде програмата и понасочена, настаните да бидат определни потематски и поодредени. Најубаво се чуствувам моментално во еден кафе-бар во Аеродром, така да мислам дека би го издвоила како омилено место во градов…“