Слободна

Премини на приказната

„…Скопје – место каде што можам да се изразам себеси, без разлика дали е преку облекување, музика или whatever. Во градов има најразлични луѓе со најразличен backgoround, со кои можеш да си напраиш предобар муабет и да си поминеш предобро! Тоа е уствари нешто што највише ми се свиѓа тука. Од омилени работи во Скопје би ги издвоила Funky Fresh журките пошо Скопје како град има најдобри hip-hop фанови, зденка маслинка у 4 сабајле од La delicious, чај у кашмир и викенд во Катланово. Дефинитивно мора да се посвети повеќе време и внимание на образованието генерално, затоа што моментално не е баш сјајно.Треба да се изнајдат начини како да се промовира повеќе науката. Би било многу убаво ако младите повеќе се заинтересираат за STEM (Science technology engineering mathematics) гранките…“