Стаорец во Скопје

Премини на приказната

„…Супер, прејако ми е у Скопје. Последниве неколку години сум тука и буквално се чуствувам како дома. Не знам, ради многу работи ми е така. Многу убави луѓе има, добри дружби, супер атмосфера. Реално во последно време сите работи се префрлија во Скопје. Луѓето од другите градови немаат баш избор, а Скопје тоа го нуди. Дали станува збор за работа, факултет или едноставно живот, Скопје е местото. Како град, во однос на тоа што нуди, е сосема океј. Нешто што стварно ми фали е можеби почит кон велосипедистите. Мислам мене реално ми е супер у Скопје да возам точак поради тоа што е многу предизвикувачки. Како у Њу Јорк да возиш, само што тука е полошо… Ама стварно оди напред тоа поле, имаме велосипедски патеки и семафори на улиците што е некаква промена за државава. Треба исто така луѓето да носат опрема кога возат,. Ептен е сериозна работа а никој не го сфаќа тоа така. Нешто што многу ми се свиѓа е тоа што има гоооолема подршка за локалната сцена, што реално е супер. Исто така ми се свиѓаат разните иницијативи што се креваат во Скопје. На пример ќе го споменам Конект Фестивалот, идејата реално е многу јака. Ретко се дешава да се спојат различни „заедници“, во случајов средни школи, а во принцип тоа заедништво е стварно потребно. Само треба да продолжат работите во тој правец и да не застанат луѓето, бидејќи по одреден период се случува тоа застанување и луѓето се оттуѓуваат. Многу се комплицира во Скопје… Тоа фали, да е поедноставно. Не ни се потребни толку ствари. И да, дефинитивно, да не се концентрираат луѓето толку на политика затоа што на тоа поле немаме толку избор. Спротивно, за другите работи имаме мноогу избор и треба токму на таа страна да се концентрираме. Нешто што мора да се промени од корен, е нашето образование. Можеби ова важи повеќе за Македонија отколку за Скопје, но мислам дека ако започне од најголемиот град потоа ќе се случи и во останатите делови…“