Странец во Скопје

Премини на приказната

„…Најмногу го сакам Скопје, нема поубав град од Скопје. Да имам опција да одам некаде никогаш не би го направил тоа, никогаш не би си одел. Скопје нуди за сите што сакаат, иако има доста што ќе најдат excuse да кажат дека е напорно и досадно. Е сеа за ноќниот живот, можеби не нуди толку колку што бараат младите и луѓето што сакаат нешто поише ама мислам дека е задоволително, колку-толку. Мора да се направат нови места у градов, кај што ќе може да се дружи ама буквално да се дружи. Не само младински центри, туку општо платформи каде што ќе можат луѓе да се социјализираат. Дали  било профитабилно или не, да има граѓански иницијативи за младите да можат да учествуваат во културолошкото уредување на Скопје. Има многу паметни и капацитетни луѓе у Скопје, и да си одат затоа што им се кратат можностите. Најубаво у Скопје ми е тоа што у последниве 2 години се шири ептен позитивна енергија. Онака стигна период каде што замреа сите оние делења на етнички групи, одења на утакмица и сл. Сега повеќе се шири љубов меѓу луѓето, се социјализираат, се дружат и се прават нови пријателства. Кога ќе ми споменат Скопје прво ми текнува на Парк, дефинитивно. Таму има најубава атмосфера, има најкул луѓе, се е позитивно, се е љубов. Сам да отидеш у Парк, никогаш нема да бидеш сам, сигурно ќе си најдеш некој. Исто така ќе го споменам и МКЦ-најзакон журки. Можеби се скроз спротивни овие две ама се најонака места кај што се собира цело Скопје. Најбитно е музиката а Скопје има најзакон музика, ја поседува и шири. Желба за Скопје е да биде првиот град, на јужен Балкан, каде што ќе биде легализирана тревата. Единствено нешто што би сменил е законот за музика, односно да се забрани српската музика по локали. Е да уште нешто, многу се “битни“ фасадиве дефинитивно. Мора малце градов да поработи на инфраструктурата и архитектурата…“