Визионер

Премини на приказната

„…Дефинитивно Скопје не ми пружа funky-disco журки, што ми е и цел да направам јас една сам, може кој сака да ми се придружи. Во тој контекст да направиме нешто што ќе биде од забавен карактер каде што луѓето ќе бидат слободни. Да се заиграме како што ни доаѓа, колку и тоа чудно и будалесто да изгледа. Да бидеме без констрикции од нечија осуда, без срам од околните очи. Да играме како никој да не гледа. Безгрижно да си шизим. Поконкретно зашто не сум задоволен од Скопје?! Живеам во Дебар Маало. Дебар Маало е комплетна катастрофа и треба да се запре цело градење. Треба да се сруши пола Дебар Маало пошо е клаустофобично а научно докажано е дека високите згради односно урбанизацијата доведува до висока стапка на депресија и самоубиства. Така што не ми се допаѓа, едноставно се чувствувам загушено, конкретно во населбата каде што живеам. Нешто што сакам да видам у Скопје се повеќе зелени пoвршини, паркови… Немам видено тревник у градов. Сакам куќи со дворови. Сакам дворови со градини. Сакам згради комунистички обраснати со ползавци. Го обожувам тој контраст на сувиот сив симплицитет, и неговото покорување од страна на природата. Значи сакам зелено, да го обраснеме цел град, и да се воодушевуваме на убавината на природата. У последно време Кале почна да ми станува најомилената работа во Скопје, не знам зашто, а и кога ќе ми споменеш Скопје прво тоа на ум ми паѓа. Можеби затоа што кога идам накај факултет пешки, го гледам. Исто и на Водно се потсеќам кога ќе ми споменат Скопје. Мислам дека треба како наши симболи да ги гледаме овие две нешта…“